Дома Македонски спорт Мак фудбал Легендарниот Дончевски ги посети репрезентативците🎥

Легендарниот Дончевски ги посети репрезентативците🎥

На денешниот тренинг македонските репрезентативци добија пријатно изненадување.

Имено, во посета дојде легендарниот Андон Дончевски, првиот селектор во историјата на независна Македонија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Чичко Дончо беше гостин на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и дополнително ги мотивираше фудбалерите со неговото присуство.

„Јунаци, моја почит кон сите вас. Го кренавте македонскиот фудбал. Јас го почнав, тешко, меѓутоа знаев дека ќе дојде и генерација како вас“, им се обрати Дончевски.

Македонија квалификациите за ЕП 2024 година ќе ги започне в четврток кога на Националната арена „Тодор Проески“, ќе ја пречека Малта. 

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…