Дома Фудбал Англија Легендарниот голман смета дека Клоп во Ливерпул може да го наследи само еден човек

Легендарниот голман смета дека Клоп во Ливерпул може да го наследи само еден човек

Јирген Клоп зборуваше за својата иднина и изјави дека откако ќе му истече договорот со Ливерпул веројатно ќе земе одмор од фудбалот.

Германецот во 2015 година пристигна на „Енфилд“ и со Ливерпул има договор до 2022 година. На прашањето дал и ќе земе одмор после истекот на договорот Клоп неодамна даде јасен одговор:


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Мислам дека да. Кој може да каже дека во следните три години ќе дава се од себе? Ако почуствувам дека повеќе не можам тогаш ќе земам пауза од една година и ќе одлучам што понатаму. Имам еден проблем, не знам да ја дозирам својата енергија – или давам се или ништо“, изјави Клоп.

Поранешниот голман на Ливерпул, Јержи Дудек после оваа изјава на Клоп смета дека Стивен Џерард е единствениот кој може да го наследи Клоп на клупата на „црвените“.

„Кога неодамна бев во Ливерпул, никој не ја чуваше тајната дека Стивен е главен и единствен кандидат за замена на Германецот кога ќе заврши неговата ера на „Енфилд“. Сите знаат дека порано или подоцна тој ќе се врати“, напиша поранешниот послки голман во својата колума за „Прзеглад Спортови“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…