Баер Леверкузен е спремен да го пушти Каи Хаверц ова лето, но само доколку некој клуб понуди 100 милиони евра, пренесува „Кикер“.
Весникот тврди дека Леверкузен нема ништо против дел од сумата да биде во форма на бонуси, но се нагласува дека фудбалерот со сигурност нема да биде продаден до крајот на Лигата на Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа сезона, 21-годишниот Хаверц настапи на 39 натпревари во сите натпреварувања, постигна 15 гола и запиша осум асистенции.
Најсилен интерес за Германецот покажува Челзи, кој е спремен да понуди 75 милиони евра, но очигледно тие нема да бидат доволни.
Update @kaihavertz29 and @ChelseaFC: Leverkusen wants still a Transfer fee around 100 Mio Euro. But: the Club is open to having add ons/bonuses in a deal
— Christian Falk (@cfbayern) July 16, 2020