Баер Леверкузен ќе смета на Каи Хаверц до крајот на своето учество во Лига Европа, потврди спортскиот директор Руди Фелер.
Хаверц после одличната сезона го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најконкренет интерес покажа Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите тврдат дека Хаверц веќе има договор со „сините“ и дека лондонскиот клуб започнал преговори со Леверкузен.
Леверкузен е спремен да го продаде за добра понуда, но само откако ќе го заврши учеството во Лига Европа.
Леверкузен исто така потврди дека Хаверц го цени на 100 милиони евра и нема да го продаде за пониска цена. Од друга страна пак Челзи се надева дека може да го комплетира трансферот за 80 милиони евра.
Kai Havertz won't be sold before Bayer Leverkusen have played in the Europa League, sporting director Rudi Voller has told Kicker ❌ pic.twitter.com/V2PMcZwfCF
— Goal (@goal) July 29, 2020