Иако преодниот рок се уште не е официјално започнат, Баер Леверкузен веќе го договори второто засилување за следната сезона.
„Фармацевтите“ денес потпишаа 5-годишен договор со 24-годишниот фудбалер на Херта, Митчел Вајсер. За неговиот потпис Леверкузен плати 12 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Со ангажманот на Вајсер завршивме одлична работа. Тимот ќе добие на квалитет. Наредната сезона повторно ќе играме во Еропа и потребна ни е ширина на тимот“, изјавија од Леверкузен.
Вајсер игра на позиција десен бек и во Херта помина три сезони, откако пристигна од Баерн Минхен, каде не можеше да се избори за поголема минутажа.
Ова е второто засилување за „фармацевтите“ за следната сезона, откако претходно го договорија младиот бразилски напаѓач од Васко де Гама, Паулињо.