Леванте и Атлетико Мадрид денес одиграа 2:2 во рамките од последното коло во шпанската Ла Лига.
Тимот на Барди ја исполни најголемата цел за оваа сезона, а тоа е и наредната сезона да играат во Ла Лига, но можат да жалат зошто испуштија победа против Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Домаќините денес имаа 2:0, но во второто полувреме попуштија под притисокот на гостите. Леванте до предност стигна уште во шестата минута со голот на Кабако, додека половина часс подоцна погоди и Роџер.
Меѓутоа Атлетико не се предаде. Прво, Родриго намали на 1:2 во 68-та минута, додека десет минути подоцна Камело изедначи на 2:2.
Атлетико Мадрид сезоната ќе ја заврши на втората позиција со 76 освоени бодови зад Барселона која има десет повеќе. Леванте е на 14-тата позиција со 44 освоени бодови.
Треба да се спомене и дека ова беше последниот натпревар за Антоан Гризман во дресот на Атлетико.
https://www.youtube.com/watch?v=6car8LSZ6_E