Барселона со потешкотии стигна до третата победа во Примера. Каталонците во четвртото коло во шпанското првенство ја совладаa Осасуна со 1:2 како гостин.
Во втората минута гостите можеа да поведат. Френки де Јонг имаше шанса, но неговиот удар ја погоди десната статива.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
За малку не се затресе мрежата во 32. минута. Аимар Ороз имаше одлична шанса, но шутираше директно во голманот на Барселона, Тер Штеген.
Гостите поведоа во првата минута од судиското надополнување на првото полувреме. По корнерот, Кунде се најде на вистинското место и погоди за 0:1.
Осасуна го постигна израмнувачкиот гол во 76. минута. Чими Авила доби одлично додавање испратено од Хесус Аресо и постигна гол за израмнување.
Домашниот тим долго не одржа реми. Се играше во 84. минута кога Алехандро Катена го повлече Роберт Левандовски, а судијата досуди пенал.
Роберт Левандовски ја презеде одговорноста за ударот од 11 метри, и погоди за нова победа на Барселона.
Да напоменеме и дека на овој натпревар за Барселона дебитираа Кансело, Феликс и Мартинез. Првиот доби шанса наместо Роберто во 59. минута, вториот наместо Ромеу 21 минута подоцна, а третиот го замени Кристенсен во првата минута од судиското надополнување.
По овој натпревар и некомплетното 4.коло, Реал Мадрид е прв со максимални 12 бода, а потоа следат Џирона и Барселона со по 10. Осасуна е десетта со шест бода.