Германските медиуми пренесуваат дека Роберт Левандовски следното лето ќе го напушти Баерн и кариерата ќе ја продолжи во друг европски гигант.
Полскиот голгетер минатата сезона го собори рекордот на Герт Милер и постигна 41 гол во Бундеслигата, но наводно сака нов предизвик во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Размисливам за сите опции. Се чуствувам добро во Баерн и го сакам овој град. Ова е прекрасен клуб, но сепак јас сакам да запознаам нови јазици и култури“, изјави неодамна Левандовски.
Полјакот има договор со Баерн Минхен до јуни 2023 година, но следното лето ќе побара од клубот да му биде дозволен трансфер.