Oваа сезона Роберт Левандовски играше фантастичен фудбал, тој беше еден од најзаслужните што Баерн застана на тронот на Европа, а беше избран за најдобар играч во Германија.
Сезоната Левандовски ја заврши со три трофеи и постигна 55 голови, додаде уште девет асистенции. Како што одминува времето изгледа како да е се помлад и подобар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Левандовски има 32 години, но како што вели и самиот се чувствува како да е 10 години помлад.
„Не се чувствувам како некој кој има 32 години. Се чувствувам подобро од кога имав 26. Тоа не се однесува само на моите години, туку и на фудбалот, техничките аспекти. Давам се од себе за да останам во топ форма уште многу години“, изјави Левандовски за „Кикер“.
Колку години би можел уште да играш?
„Десет“, кратко и јасно одговори Лева.
Дали ова му беше најдобра сезона во кариерата?
„Да. Веројатно е така. Не се работи само за бројот на головите кои ги постинав туку и кога ќе се погледне целиот стил на игра. Поважно ми е да работам добро отколку да постигнам гол или два повеќе“.
Ја изгуби трката за „Златната копачка“ од Чиро Имобиле.
„Штета е што имаме помалку натпревари во Бундеслигата. Тоа „натпреварување“ би било фер ако имаме ист број на натпревари. Да имаме 20 тимови како што е во Италија, Шпанија, Англија или Франција би било далеку подобро. Четири натпревари помалку се голема разлика“, изјави полскиот голгетер.