Рафаел Леао во вчерашниот натпревар на Милан против Џенова доби свирежи од трибините од дел од фановите, а денеска се огласи со мистериозна порака.
Португалецот беше заменет во 67. минута и во тие моменти дел од стадионот испрати свирежи кон напаѓачот.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
По натпреварот тој се огласи со мистериозна порака на социјалните мрежи.
„Ви благодарам што постоите, има луѓе кои не го знаат значењето…Многу повеќе од пасија, религија“, објави Леао на португалски.
Под фотографијата во коментар доби поддршка од неговиот сонародник и фудбалер на Барселона, Жоао Кансело.
„Тие не знаат брате“, гласи коментарот на Кансело.