Кристијано Роналдо во моментов е во Мадеира каде го минува периодот на самоизолација поради ситуацијата со коронавирусот.
Португалецот тајно тренирал на националниот стадион во Мадеира, а бидејќи немал дозвола за тоа реагираа и локалните власти.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
На тренинзите на Роналдо реагираше и Лацио, затоа што на нивните фудбалери не им се дозволува тренинг а Роналдо одржува форма.
Артуро Диаконале, кој е задолжен за односи со јавноста во римскиот клуб ги критикуваше челните лица на лигата, затоа што нивните фудбалери мораат да бидат во карантин, додека првата ѕвезда на Јувентус, Кристиано Роналдо тренира на фудбалски терен во Португалија.
Реагираше и секретаријатот за здравство на Португалија од каде истакнаа дека Роналдо немал дозвола за тренинг на стадионот и ги прекршил правилата, па би можел да биде казнет.
