Римски Лацио сериозно се подготвува за новата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Небесносините во претходната беа многу блиску до Јувентус, но паднаа во продолжение од сезоната и на крајот завршија на четвртото место.
Сепак, за следната имаат големи амбиции, а за тоа зборува листата на засилувања кои ќе се обидат да ги донесат.
Најголемото име секако е Давид Силва, а покрај него желби се уште Ведат Муриќи (Фенербахче), Борха Мајорал (Реал Мадрид) и напаѓачот на Астон Вила, Весли.
Весли и претходната сезона се поврзуваше со Лацио, но на крајот одлучи да замине во Англија, каде до повредата играше во добра форма.
Сега ќе има шанса да ја прифати понудата на римскиот клуб. Останува да видиме дали тоа ќе го направи, како и останатите потенцијални засилувања.