Дома Трансфер зона Лацио потврди: Одбивме 70 милиони за Милинковиќ – Савиќ

Лацио потврди: Одбивме 70 милиони за Милинковиќ – Савиќ

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ последните две сезони игра фантастично во дресот на Лацио и се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

За него силен интерес покажуваат многу европски гиганти меѓу кои Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Јувентус…

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре потврди дека уште во текот на летниот преоден рок добиле понуда од 70 милиони евра за Србинот.

„Минатото лето добивме понуда од 70 милиони евра за Сергеј, но ја одбивме без размислување. Сакаме Лацио да има силен тим, а тој е еден од најважните играчи во тимот. Се уште има шпекулации, но важно е дека Сергеј се уште е наш фудбалер“, изјави Таре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…