Дома Топ вести Лацио добил 70 милиони евра за Имобиле – Дали ова може да значи крај за него во римскиот клуб?

Лацио добил 70 милиони евра за Имобиле – Дали ова може да значи крај за него во римскиот клуб?

Италијанскиот напаѓач, Чиро Имобиле игра одлично во дресот на Лацио.

По настапите во Бундеслигата, па во Ла Лига, Чиро конечно се пресели во Лацио и игра како некогаш во дресот на Торино кога беше најдобриот стрелец во Серија А. Тој оваа сезона постигна 13 гола во Серија А, а одигра само десет натпревари. Тоа е причината поради која повторно го привлече вниманието на себе, а во моментов најмногу се заинтересирани кинеските клубови.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека екипата на Шангај СИПГ одлучила во јануари да го доведе Имобиле и дека испратиле понуда од 70 милиони евра на адресата на римскиот клуб. Имобиле во моментов заработува три милиони евра во Лацио, а доколку се одлучи за трансфер во Кина би заработувал дури 6,5 милиони евра годишно.

Секако, Лацио игра одлично оваа сезона и не е исклучено да се бори дури и за Скудетото, па многу е тешко да се верува дека ќе го пуштат својот најдобар фудбалер во јануарскиот трансфер период. Сепак, со парите никогаш не се знае, а Кинезите ги имаат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал нема да жали пари за ѕвездата на Арсенал

Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал и француски репрезентативец В…