Подолго време се најавува проширување на НБА лигата со нови два тима и тоа Лас Вегас и Сиетел. Новинарот Рик Бухер од „ЕСПН“ објави дека наскоро ќе биде официјализирано од која година ќе влезат во новите две франшизи во лигата.




Посебно интересна е информацијата за влез на Лас Вегас, затоа што сопственик на оваа франшиза може да биде Леброн Џејмс.




Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Ако се случи такво нешто Леброн ќе стане вториот кошаркар кој има свој тим затоа што легендарниот Мајкл Џордан е сосптвеник на Шарлот Хорнетс. Леброн е акционер во повеќе клубови, има удел и во Ливерпул и Бостон Ред Сокс (бејзбол). Сега за првпат би добил можност да биде мнозински сопственик во кошаркарски клуб.




За вљубениците во кошарката радносна вест е реактивирањето на Суперсоникс од Сиетл која до 2008 година настапуваше во НБА и играше НБА финале.