Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта даде интересна информација во врска со евентуалниот трансфер на Левандовски на „Камп Ноу“.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Лапорта откри дека Баерн Минхен се уште не дал одговор на последната пондуда на Барселона за Левандовски.
Барселона последно понуди 40 милиони евра плус 5 милиони како бонуси, а медиумите објавија дека Баварците ја одбиле понудата бидејќи бараат 50 милиони евра во кеш.




„Сакам да му се заблагодарам на фудбалерот за неговата упорност да дојде кај нас. Испративме понуда до Баерн за него и очекуваме одговор се уште. Се надевам дека одговорот ќе биде позитивен и ќе го имаме Левандовски што е можно побрзо“, изјави Лапорта.