Дома Фудбал Лапорта најде 500 милиони евра, Барселона е спасена!

Лапорта најде 500 милиони евра, Барселона е спасена!

Барселона е спасена! Текст под овој наслов објави вчера „ЕСПН“, а во него пренесува вест дека Барселона добила кредит од 500 милиони евра кои и тоа како многу ќе и значат.

Каталонсиот гигант должи нешто повеќе од милијарда и 200 милиони евра и во овој момент кога се исплаќањето на плати е нешто што на клубот му прави проблеми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тие проблеми го натераа новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта преку кредит на побара привремена финансиска инекција која ќе го стабилизира клубот. Кредитот Лапорта го добил од американскиот инвестиционен фонд, „Голдман Шачс“.

Барселона во летниот преоден рок ќе се обиде да продаде некои од фудбалерите кои имаат поголеми договори и кои не се во прв план, па така да го намали оптеретувањето на клубот.

„Мундо Депортиво“ вчера објави дека на крајот на оваа сезона нема да има недопирливи во соблекувалната на Барселона и дека може било кој да го напушти клубот ако пристигне адекватна понуда.

Најавено е и дека клубот ќе има посебен состанок со Пике, Сержи Роберто, Бускетс и Гризман, од нив ќе биде побарано да ги намалат платите кои ги имаат во овој момент. Во случај да не прифатат веројатно ќе бидат ставени на трансфер листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…