До крајот на сезоната Барселона ја очекуваат важни натпревари како во Примера, така и во Лигата на шампионите, но покрај тоа управата на каталонскиот гигант мора да размислува и кој ќе го наследи Чави на клупата.
Чави веќе потврди дека наредната сезона нема да го води клубот иако Лапорта не криеше дека сака да остане. Шпанскиот стратег засега цврсто стои на својот став.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во јавноста се шпекулираше со повеќе имиња, а според последните информации во овој момент фаворити се тројца тренери. Прво Луис Енрике кој во овој момент го води ПСЖ. Енрике е човек кој добро ја познава средината клубот, но тој има договор со францускиот гигант до 30-ти јуни 2025 година и засега нема најави дека ќе замине.
Зад него на листата е Германецот Ханси Флик кој е застапуван од агентот Пини Захави кој е во одлични односи со Барселона. На крајот тука е Рафа Маркез, поранешниот фудбалер на Барселона кој во воој момент го води вториот тим и бележи одлични резултати.