Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја коментираше ситуацијата со Осман Дембеле.




Договорот на Французинот истекува на крајот на сезона и се уште нема дадено конечен одговор, а Лапорта тврди дека е искушуван од други клубови.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Тој сака да остане, но е искушуван од други клубови кои му предлагаат подобри финансиски услови. Ние одамна ја претставивме нашата понуда и тие побараа време до крајот на сезоната за да донесат одлука.




„Сакаме одговор, но не можеме да го притискаме бидејќи договорот му истекува. Тренерот и јас сакаме да остане и да потпише нов договор. Направивме се што можеме за да го задржиме“, изјави Лапорта.
Joan Laporta's key quotes on Frenkie de Jong, Mbappe, Dembele and more https://t.co/S1HjmOYO3v via @Sport_EN
— IBES (@IBES16) May 18, 2022