Дома Фудбал Лапорта: Гризман не се вклопи во системот на Барса

Лапорта: Гризман не се вклопи во системот на Барса

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта објасни зошто клубот реши да го продаде Антоан Гризман ова лето.

Гризман пред две години пристигна на „Камп Ноу“ како едно од најскапите засилувања во историјата на клубот, меѓутоа ова лето беше продаден за многу помала сума.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Покрај фактот што клубот се ослободи од неговата висока плата, Лапорта тврди дека Французинот не се вклопил во системот на Барселона.

„Точно е дека тој е фантастичен играч, но мислам дека Гризман не се вклопи во нашиот систем, иако се однесуваше професионално и се трудеше. Му посакав успех во продолжението од кариерата. Мислам дека можеше да биде многу подобар за нас, постигна важни голови но можеше многу повеќе од тоа“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не сте виделе: Погледнете го овој урнебсен слободен удар од Австралија! (Видео)

Тимските стратегии при изведување на слободни удари во фудбалот понекогаш се покажуваат ка…