Челси успеа да слави на Стемфорд Бриџ против Њукасл со минимален резултат 1:0.
Сепак, тоа беше втор натпревар по ред во кој Френк Лампард го изостави Педро од составот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанецот пред тоа одигра само шест минути во натпреварот во Лига Европа против Лил, а оваа сезона одигра вкупно седум натпревари во сите натпреварувања и постигна еден погодок.
Педро во 2015. година пристигна од Барселона во Челси за 27 милиони евра и од тогаш одигра 190 натпревари за Сините и постигна 42 гола.
Меѓутоа, според шпански Спорт, Педро е незадоволен откако го загуби местото во стартните 11, но и затоа што воопшто не е во составот.
Лампард ги преферира Моунт и Вилиан, а со враќањето на Калум Хадсон-Одои уште повеќе се зголеми конкуренцијата.
Педро има договор со Челси до следното лето, а според моменталната ситуација се чини дека нема да потпише договор со овој клуб.
Pedro unhappy at Chelsea and considering future after being axed by Frank Lampard – https://t.co/Bm6tToKXyq https://t.co/qkq37mcjWJ pic.twitter.com/fyQzksw7Mn
— Chelsea BIB (@BibChelsea) October 19, 2019