Легендата на Челси, Френк Лампард за островоските медиуми го коментираше вечерашниот натпревар помеѓу Челзи и Барселона.
„Сините“ на „Стенфрод Бриџ“ ги чека тешка задача бидејќи на гости им доаѓа силната Барселона. Треба да се истакне дека во пред нешто повеќе од еден час се појави вест дека Меси можеби нема да биде во стартниот состав. За ова повеќе ТУКА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак како и да е во Чезси сигурно нема да се опуштат и ќе го очекуваат Меси во првиот тим.
Френк Лампард пак смета дека човек кој може да го запре Меси доколку игра е Н’Голо Канте.
„Канте е тој кој може да го чува Меси. Всушност, кој и да биде во негова близина треба да се обиде да го запре, доколку му оставите простор ќе зажалите и тоа го знам од искуство“.
„Не е едноставно за Челзи, ќе игра на домашен терен, мораат да нападнат, но исто така не смеат да остават простор. Мислам дека клучен човек вечерва ќе биде Канте. Сепак, пред се најважно е да прават пресинг на играчите на Барселона“, истакна легендата на „сините“.