Дома Фудбал Англија Лампард: Барав од Челзи да ми го доведе Халанд

Лампард: Барав од Челзи да ми го доведе Халанд

Френк Лампард неодамна се врати во Челзи, но на поранешниот фудбалер на овој клуб не му оди најдобро на кормилото на „сините“ и се мачи со резултатите.

Противник на Челзи утре ќе биде лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити, а на прес-конференцијата пред овој дуел Лампард откри дека барал да му биде доведен Халанд.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Притискав да го доведеме Халанд во Челзи. Не бев сигурен каков беше апетитот на клубот. Секако дека конкуренцијата беше голема, веднаш се забележуваше дека станува збор за неверојатен фудбалер. Неговата откупна клазула беше разумна цена во денешниот фудбал, не знам колку бевме блиску да го доведеме, но сакав да го имам во тимот“, изјави Лампард.

Лампард како што е познато од Борусија Дортмунд направи трансфер во Манчестер Сити каде што веднаш почна да ги руши скоро сите голгетерски рекорди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

И Нотингем во своите редови има „бисер“: Сака да го продаде за 100 милиони евра!

Дојде време кога малку по малку секој играч достигнува „сточна“. Скоро сите клубови во Пре…