Дома Топ вести Лавеци се предозирал и заврши во болница

Лавеци се предозирал и заврши во болница

Славниот аргентински фудбалер Езекиел Лавеци, поминува тежок период во својот живот, откако по втор пат за кратко време заврши во болница. 

Пред 20 дена заврши во болница откако сопствениот брат го избоде со нож за време на забава. Денеска 38-годишникот повторно заврши во болница, овојпат поради предозирање.

„Тој има симптоми на предозирање откако имал низа семејни проблеми. Неговите најблиски мора да направат нешто”, објави новинарот Луис Вентура.

Поддршка за Лавеци во болницата е само неговата девојка Натали Боргес, додека неговиот син преку социјалните мрежи се обиде да ја демантира оваа информација, пишувајќи дека тоа се „измислени работи“. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…