Како што пишува англискиот „Mirror“, изгледа дека сопствениците на Ливерпул одлучиле да го продадат Филипе Кутињо во јануари.
Според пишувањето на споменатиот весник, Фенвеј спорт вети дека Јирген Клоп ќе може да смета на сите пари што ќе ги добие од продажбата на Фелипе Кутињо во Барселона за да ги доведе потребните засилувања.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Сите бевме сведоци околку сагата за заминувањето на Кутињо во Барса во текот на летото, но таа прикзна никогаш не беше дефинитивно завршена. Како што сега пишуваат медиумите, Кутињо во зимскиот трансфер период ќе се пресели во Барса, а се очекуваат сите 130 милиони фунти од неговата продажба да бидат ставени на располагање на менаџерот за засилувања во јануари.