Дома Топ вести Кутињо на чекор од Арсенал

Кутињо на чекор од Арсенал

Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, најверојатно, ќе ја продолжи кариерата во Арсенал.

Според „РАЦ1“, каталонскиот клуб е во напредни преговори со „топџиите“ и договорот би можел да се случи за неколку дена. Бразилецот ќе се приклучи на екипата на Микел Артета како позајмен, а неговата плата ќе ја плаќаат заедно Арсенал и Барса.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првичната желба на Барселона беше да го продаде Бразилецот за околу 80 милиони евра, но на „Камп Ноу“ не добија прифатлива понуда. Ова е причината зошто Каталонците се подготвени да го испратат Кутињо на позајмица втора последователна сезона.

„Не е тајна дека Кутињо сака да се врати во Англија. Шансите за тоа да се случи се многу реални. Има голем интерес за Филипе од неколку клубов”, изјави неодамна неговиот агент, Киа Џорабчијан.

Кутињо беше член од Ливерпул од 2013 и 2018 година, но за 145 милиони евра направи трансфер во Барселона, каде не се прослави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…