Бразилецот Филипе Кутуњо конечно јавно проговори за ситуацијата околу неговиот трансфер и истакна дека не знае до кога точно ќе остане во Ливерпул.
„Јас сум играч на Ливерпул и додека имам прилика да играм за овој клуб ќе дадам се од себе поради почитта кон навивачите и дресот кој го носам. Што ќе се случи во јануари ќе дознаеме кога ќе дојде јануари. Не можам ништо конкретно да кажам додека не пристигне официјална понуда“, изјави Кутињо после хет-трикот протув Спартак Москва.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот потврди дека летото постоел обостран интерес да се реализира неговиот трансфер во Барселона, но и покрај тоа тој продолжил со ист ентузијазам да настапува за Ливерпул.
„Летото пристигна понуда за која бев заинтересиран, но бидејќи останав во клубот одлучив со иста желба и страст да играм во Англија“, порача Кутињо.
Кутињо во Ливерпул пристигна во 2013 година од редовите на Интер и до сега има запишано 143 настапи и 36 гола за клубот од „Енфилд“.