Настанот на денот секако е претставувањето на Фелипе Кутињо во редовите на Барселона.
Кутињо денес стави потпис на договорот со Барселона во кој како што е познато има клазула од 400 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мојот сон секогаш беше Барселона. Знам што се очекува од мене, верувам дека нема да разочарам и дека ќе ги исполнам сите очекувања“, изјави Кутињо при претставувањата.
Своето задоволство од овој трансфер го истакна и претседателот на Барселона, Хозе Бартомеу.
„Денес сите фанови на Барселона се возбудени, па така и ние. Навистина ни е драго што Кутињо е тука. Не беше лесно да го доведеме, но заедно со негова помош успеавме во нашата цел, трпението беше клучен дел од оваа зделка“, зборуваше Бартомеу.
Кога во прашање е дебито на Кутињо за гигантот од Каталонија, се очекува тоа да се случи за дваесетина дена поради повредата со која пристигна од Ливерпул