Дома Фудбал Останато Куртоа отворено: Одлучив да заминам уште во март, жал ми е што некои ме мразат, а не ја знаат приказната

Куртоа отворено: Одлучив да заминам уште во март, жал ми е што некои ме мразат, а не ја знаат приказната

kurtoa

Tрансферот на Тибо Куртоа предизвика мала бура на Островот, Белгиецот со преминувањето во шпанскиот гигант го обележи финишот од летниот преоден рок.

Овој трансфер предизвика многу контроверзии бидејќи беше јасно дека Челзи не сака да го пушти одличниит голман, но „сините“ не можеа ништо да направат поради големата желба која постоеше кај Куртоа да се врати во Мадрид.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Сега Куртоа откри дека одлуката за заминување ја донел уште во месец март, но додаде и дека навивачите на Челзи кои сега го мразат не ја знаат целата вистина.

„Не сум среќен што навивачите ме мразат, а не ја знаат целата вистина. Уште во март одлучив да заминам и мислев дека клубот ја прифати мојата одлука. Потоа кога трансферот беше договорен не сакав да се појавувам во клубот со цел да не им пречам на играчите и тимот, го сакам Челзи“, објаснува Куртоа.

„Кога дојдов тука кажав дека трансферот во Реал за мене е премнување на повисоко ниво, но не сакав да го навредам Челзи. Се зборува дека сум кажал дека во Челзи немало квалитет, тоа не е точно. Никогаш ниту сум помислил, ниту сум кажал такво нешто. На тренинзите е малку поинаку, се работи побрзо и поквалитетно, а тоа не значи дека Челзи нема квалитет“.

„Секогаш ќе имам позитивни емоции за времето поминато во Челзи. Имав шанса да се вратам во Мадрид и да бидам со моите деца и за мене тоа е најважно. Знам дека многу навивачи на Челзи ќе ја разберат мојата одлука. Им посакувам се најдобро и мило ми е што победија на првите четири натпревари во Премиер лигата, се надевам дека ќе ја освојат“, заврши Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ваква ситуација не се памети: Селекторот на Аргентина суспендиран на Копа Америка поради бизарна причина

Aргентинскиот селектор Лионел Скалони нема да може да ја води својата репрезентација во на…