Дома Фудбал Куртоа: Ги победивме најдобрите, конечно ја добив заслужената почит

Куртоа: Ги победивме најдобрите, конечно ја добив заслужената почит

Тибо Куртоа беше херојот на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампиони, откако одбрани неколку фантастични удари на Ливерпул

Белгиецот беше избран за играч на натпреварот во финалето со Ливерпул, а потоа изјави дека конечно ја добил заслужената почит.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Често гледав навреди на моја сметка и често бев понижуван од навивачите. Многу ме потценуваа, а се случи спроитвното. Тоа ми тербаше, сега конечно добив почит“, изјави Куртоа.

„Никој не можеше да не спречи за титулата денес. Беше луда ноќ! Не ми се верува! Неверојатно! Повторно им покажавме на сите кој е крал на Европа. Вчера на прес-конференцијата кажав дека кога Реал игра во финалиња, ги победува. Денеска си реков дека треба да победам во финалето, за целата моја кариера, за почитта што ја немав во Англија“.

„Сега сум многу среќен и горд на тимот. Ги победивме најдобрите тимови во светот во моментов. Манчестер Сити, Ливерпул – тие се неверојатни. Ливерпул денеска беше многу силен, но ние ја реализиравме нашата шанса“, додаде белгискиот чувар на мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…