Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Сигурна победа за Шкендија во Гевгелија

Куп на Македонија: Сигурна победа за Шкендија во Гевгелија

Денес тимот на Шкендија со победа ја започна одбраната на купот на Македонија.

Акутелниот македонски шампион со резултат 2:0 беше подобар од Кожув на негов терен во Гевгелија.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Двата погодоци клубот од Тетово ги постигна во првото полувреме.

Од самиот старт Шкендија најави дека не сака да си прави проблеми. Прво Ибраими го отвори резултатот во 13-тата минута, за потоа Имери во 28 минута да зголеми на 2:0.

Во вториот дел немаше поголеми возбудувања Шкендија со сигурна игра ја одржуваше солидната предност.

Оваа победа за Шкендија значеше и пласман во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…