Дома Фудбал Куман разговараше со Пике, навивачите изненадени од исходот на разговорот

Куман разговараше со Пике, навивачите изненадени од исходот на разговорот

Холандскиот стратег Роналд Куман минатата недела беше избран за тренер на Барселона, а овие денови работи на промените во тимот.

Јасно е дека на Барселона и се потребни големи промени во играчкиот кадар, а тоа најдобро се виде во Лигата на шампионите каде што Баерн ги декласираше со 8:2. По тој пораз клубот го отпушти Сетиен и на негово место дојде Куман.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Прeд него е голем предизвик прво мора да направи екипа за новатата сезона. Јасно е дека во Барселона ќе има многу заминувања.

Се очекува да си заминат Суарез, Ракитиќ, Видал, Брајтвајт...Вчера медиумите објавија дека Куман разговарал со Суарез и дека не смета на него, а денес тргнал во нова кација. Имено, шпанските медиуми објавија дека одржал со Пике.

Тој му порачал на Пике дека смета на него и дека од него очекува да ја предводи одбраната како главен дефанзивец. Исто така Пике треба да игра важна улога во соблекувалната и да ја одржува атмосферата и да гради заедништво во тимот.

Навивачите се изненадени од ваквата одлука бидејќи многумина веруваа дека Пике исто така ќе биде меѓу „отпишаните“, но Куман очигледно има други планови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судија на „тапет“ поради контроверзен пенал на Реал Мадрид: Ова е срамно (Видео)

Босанскиот судија Ирфан Пелјто се најде на мета на критики поради одлуките на натпреварот …