Барселона сериозно размилсува за тренерска смена, бидејќи раководството ја загуби довербата во Роналд Куман.
Барселона беше убедливо поразена од Баерн Минхен во ЛШ, а раководството е загрижено поради бледата игра на тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта, одржал итен состанок со тренерот Куман и побарал веднаш да реагира и да го подигне нивото на игра на тимот.
Меѓутоа, шпанските медиуми тврдат дека Каталонците сериозно размислуваат за тренерска смена и веќе го контактирале Жорди Кројф, синот на легендарниот Јохан Кројф, но добиле негативен одговор.