Дома Фудбал Куман после шокот во Леванте: Некои работи е тешко да се објаснат

Куман после шокот во Леванте: Некои работи е тешко да се објаснат

Барселона синоќа на гостувањето кај Леванте повторно изгуби бодови откако одиграа 3:3 и веројатно се прости од титулата во Ла Лига.

Екипата на Роналд Куман успеа да прокоцка два бода предност и на крајот освои само бод кој ги оддалечи од лигашката титула.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Холандскиот стручњак беше разочаран од се што се случуваше на теренот.

„Дозволивме да се вратат во игра бидејќи загубивме многу топку во второто полувреме. Некогаш постојат работи кои е тешко да се објаснат. Во второто полувреме игравме со премал интензитет, а кога си помалку агресивен, реагираш послабо. Забавивме и тоа е проблемот.“

Куман смета дека комплетиот тим дефанзивно потфрли.

„Не обвинувам никој посебно. Комплетиот тим дефанзивно потфрли. Премногу е да примите три погодоци. Јас како тренер сум најодговорен, но се прашувам што се случи бидејќи на полувремето зборувавме за интензитетот на игра, а го загубивме во продолжение.“

Тренерот на Барселона е свесен дека првенството веројатно е загубено.

„Се најдовме во комплицирана ситуација. Зависиме од други. Како тренер јас сум најодговорен. Дали останувам во клубот? Тренерите секогаш се под притисок и тоа го разбирам.“ – рече Куман.

За Барселона да биде првак потребно е Атлетико и Реал Мадрид да киксна барем два пати до крајот на сезоната, а Барса да освои шест бода.

Каталонците последните два натпревари ги играат против Селта и Еибар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ од Словенија: Шешко го избра клубот што малкумина го очекуваа

Словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко има многу бурно лето бидејќи беше поврзуван со бројни …