Барселона утре на Камп Ноу го пречекува Баерн Минхен во првиот натпревар од Лигата на шамиони оваа сезона.
Куман иако признава дека неговиот тим не е фаворит, сепак истакна дека има сили да му создаде проблеми на Баварците.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Дали можеме да ја освоиме Лигата на шампиони? На ова прашање не можам да одговорам. Утре играме против тим кој има амбиции за трофејот. И Челзи минатата сезона не беше меѓу фаворитите, па го освои трофејот. Ние сме физички спремни за овој дуел и сметам дека можеме да го победиме Баерн“, истакна Куман.
„Утрешниот дуел е многу поважен од мојата иднина. Не е вистина дека има услови да го обновам договорот, а јас не сакам. Секој тренер за да остане треба да победува, јас не сакам да зборувам за иднината“, додаде Куман.