Минатата недела Реал Мадрид го исфрли Баерн од финалето на Лигата на шампионите, но тој натпревар беше одбележан со контроверзната одлука на судијата Симон Марчинијак, кој му поништи гол на Баерн во последните секунди. Тој гол ќе го однесеше натпреварот во продолженија.
Реал го победи Баерн со 2:1 и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со вкупни 4:3, а спорниот детал се случи во 13. минута од судиското надополнување во вториот дел кога Матијс де Лихт постигна гол кој беше поништен од Марчинијак за офсајд.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во моментот кога Џошуа Кимих ја испрати топката „на работ на офсајд“ беа Нусаир Мазрауи и Матијс де Лихт. Судијата без да почека акцијата да се заврши, па да се одлучува со ВАР системот одлучи да ја прекине акцијата, па така ситуацијата не се прегледуваше. На крајот на повторените снимки можеше да се види дека била направена грешка.
Германскиот фудбалер од редовите на Реал Мадрид, Тони Крос сега призна дека судиите во таа ситуација погрешиле.
„Тоа беше лоша одлука на судиите. Тие мораа да дозволат играта да продолжи и да ја завршат акцијата. Мислам дека помошниот судија направи поголема грешка. Тој го крена знамето, а главниот судија му веруваше и сметаше дека се е јасно и дека нема потреба од ВАР.
“Гневот на Баерн е оправдан бидејќи акцијата мораше да се игра до крај. Судијата досуди офсајд пред ударот на Де Лихт, па не знам дали сите престанаа да играат. Единствено што можете да видите на видеото е дека оние кои сакаа да го запрат игледаа опуштено“, изјави Крос.
Сепак, сето ова е мала утеха за Баерн, бидејќи Реал на 1 јуни на лондонски „Вембли“ ќе го игра финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, додека баварците мораа да се помират со елиминација.
Poništeni gol Bayerna za 2:2 pic.twitter.com/klE5l3QGxj
— Xilk Trops (@reziser87) May 9, 2024