Дома Трансфер зона Крос отворено: Баерн направи грешка кога ме продаде

Крос отворено: Баерн направи грешка кога ме продаде

Ретко кога играчите зборуваат со пофални зборови самите за себе, а сега Тони Крос го направи токму тоа посочувајќи дека Баерн Минхен направил грешка кога одлучил да го продаде во Реал Мадрид.

Крос во 2014 година пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ за сума од 25 милиони евра. Иако минатото лето многу шпекулираше дека ќе го напушти Мадрид на крајот остана и потпиша нов договор со важност до 2023 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германецот со Реал ја освои титулата шампион на Шпанија во 2017 година, три пати во низа го освојуваше трофејот во Лигата на шампионите, а во 2017 година реномираниот „Кикер“ го прогласи за германски играч на годината.

Тој сега во разговор „Билд“ отворено кажа дека според него Баерн направил грешка кога го продал на Реал.

„Претпоставував уште тогаш, но сега можам да потврдам дека Баерн направи грешка кога ме продаде. Навистина, Ули Хенес неодамна тоа го потврди и тоа доказ за неговата големина како човек“, изјави Крос.

Изјавата со која Хенес призна дека Крос е грешка гласеше:

„Клубот понекогаш прави грешки и носи тешки одлуки, а продажбата на Крос беше една од таквите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…