Легендата на германскиот фудбал, Тони Крос даде свое предвидување за актуелната сезона во Бундеслигата.
Крос на големо изненадување тврди дека неговиот поранешен клуб Баерн Минхен нема да биде ниту второпласиран, а Леверкузен ќе ја одбрани титулата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Баер Леверкузен ќе ја одбрани титулата, а мојата прогноза е дека Борусија Дортмунд ќе го освои второто место. Пред месец и половина, би рекол дека Дортмунд во најдобар случај ќе биде петти, мислам дека претходно имаа многу лоши трансфери, но ова лето завршија одлична работа“, изјави Крос.
Ова значи дека Крос не верува во Баерн кој сезоната ја започна со нов тренер, не искуснииот Компани.