Дома Фудбал Италија Кристиано Роналдо тренира без довола, реагираа и португалските власти

Кристиано Роналдо тренира без довола, реагираа и португалските власти

Кристиано Роналдо одработи самостоен тренинг на националниот стадион во родната Мадеира, но со тоа крена голема прашина во португалската јавност.

Ѕвездата на Јувентус неделава тренираше на стадионот, а тоа предизвика жестока реакција на јавноста, која праша зошто на Португалецот му е дозволено такво нешто, а на сите останати им е забрането.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, властите веднаш објавија соопштение во кое тврдат дека големата ѕвезда нема „специјална дозвола“ во ек на пандемијата на коронавирусот.

Регионалниот секретар за здравство, Педро Рамос кажа дека Роналдо немал дозвола да тренира на стадионот. Сепак, кажа дека Португалецот има право да вежба и да тренира ако го прави тоа во рамки со правилата, кои се на сила за сите луѓе.

Роналдо ја одржува формата во родната Мадеира и се очекува следната недела да се врати во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јамал јавно призна зошто не може да има девојка и сите ги изненади со одговорот

Ѕвездата на Барселона Ламин Јамал откри на YouTube зошто не може да има девојка. Причината…