Дома Фудбал Англија Кристал Палас им застана на патот на „НЕПОБЕДЛИВИТЕ“ и промаши пенал за голем ШОК на Манчестер Сити (ВИДЕО)

Кристал Палас им застана на патот на „НЕПОБЕДЛИВИТЕ“ и промаши пенал за голем ШОК на Манчестер Сити (ВИДЕО)

Иако за 90 минути беа забележани голем број шанси, особено пред голманот на Кристал Палас, резултатот на крајот беше 0:0 што беше првиот меч во сезоната на кој „Граѓаните“ не постигнале погодок. Исто така, со ова е прекината историската низа од 18 лигашки победи на Сити во Премиер лигата.

Сити од статот на мечот беше подобар ривал на теренот. По шансата на Бентеке, прва вистинска шанса пропушти Серхио Агуеро кој во 29. минута ја погоди стативата. Пред крајот на првото полувреме, Аргентинецот повторно се обиде да гозагрози противничкиот гол, но топката отиде покрај голот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во второто полувреме голема шанса имаше Гундоган кој во 57. минута шутираше покрај голот, а потоа Сане се закани.

Голот на Сити „висеше во воздух“, а потоа малку недостасуваше да се случи шок за првопласираниот тим во Премиер лигата. Се играше 78. минута кога топката стигна до Таунсенд кој од идеална позиција шутираше над голот.

Во првата минута од судиското продолжение, беше досуден и пенал за Кристал Палас. Но, Едерсон го одбрани успешно ударот од белата топка за Миливојевиќ, па оттаму херој на денешниот меч за „Граѓаните“ сепак беше чуварот на мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинар се обиде да го испровоцира Мбапе: Погледнете ја неговата реакција

На фудбалерите на Пари Сен Жермен и вчера беа елиминирани од Борусија Дортмунд во полуфина…