Дома Топ вести Криза и поделеност во Барса: Закажан вонреден состанок!

Криза и поделеност во Барса: Закажан вонреден состанок!

Фудбалскиот клуб Барселона денес ќе одржи вондреден состанок со управата, само еден ден откако беше одигран натпреварот со Лас Палмас пред празни трибини.

Со денови се најавуваше дека Барселона нема да се согласи да одигра натпревар на денот на референдумот за назависноста на Каталонија. Сепак, раководството на клубот на чело со претседателот Хозе Мариа Бартомеу одлучи натпреварот од седмото коло во Примера да го одигра, а тоа предизвика големо незадоволство и поделеност во клубот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Потпретседателот на Барса, Карлес Виларуби и еден од директорите Жорди Монес после натпреварот со Лас Палмас си пдонесоа оставки во знак на протест поради одлуката на првиот човек на клубот. Покрај тоа еден од најпочитуваните играчи во клубот и кај навивачите, Жерар Пике не беше задоволен од одлуката натпреварот да се одигра пред празни трибини.

Бартомеу својата одлука ја правдаше со зборовите дека доколку Барса не го одигра натпреварот би можела да се соочи со казна и одземање на шест бода.

Медиумите наведуваат дека сетоа ова придонело за најголемата криза во неговиот мандат и една од најголемите во комплетната историја на овој голем клуб.

Состанокот зад затворени врати би требало да биде завршен околу 16:00 часот, но не е познато кога клубот ќе се обрати до новинарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…