Севиља славеше на пријателскиот натпревар против Ливерпул со 2-1 како дел од турнеата во САД, но мечот ќе остане запаметен по еден брутален старт.
Имено, играчот на Севиља Јорис Њањон крвнички стартуваше врз младиот Јасер Ларуси.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Њањон доби црвен картон, но младиот играч на Ливерпул заработи сериозна повреда и теренот го напушти на носилки.
„Станува збор за пријателски натпревар, а на пријателски дуели многу ретко има црвени картони. Добро е да саката погруба игра, но никако не смеете да покосите младо момче во пресезона. Тоа што се случи е вистински срам“, порача Милнер.