Италијанските медиуми пренесуваат дека Пауло Дибала ставил потпис на нов договор и се обврзал на верност кон „старата дама“ до 2021 година.
Двете страни веќе подолго време беа во преговори, па конечно е постигнат договор, кој денес клубот и официјално го потврди.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Дибала имаше договор со Јувентус до 2020 година, но со новиот договор Аргентинецот ќе добие многу повисока плата и ќе се израмни по заработка со Игуаин, односно ќе добива 7,5 милиони евра по сезона.
Дибала во изминатите две сезони игра одлично за „старата дама“ и се еталблираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот, па многу богати клубови покажаа интерес за неговиот потпис.
Со ова фудбалерот ќе стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина!