Според последните информации, Ливерпул и Валенсија постигнале договор за голманот Гиорги Мамардашвили.
Како и што се најавуваше претходно, Ливерпул ќе плати сума од 35 милиони евра со одредени бонуси, додека Валенсија договорила и процент од следната продажба.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наскоро Мамардашвили треба да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот.
Сепак, тој нема да се пресели веднаш на „Енфилд“ бидејќи Ливерпул го има Алисон и ќе остане на „Местаља“. Ова е ситуација која најмалку му одговара на македонскиот голман Столе Димитриевски кој летово потпиша за Валенсија.