Во изминатите денови на трансфер пазарот актуелна е ситуацијата на грузискиот голман Георги Мамардашвили кој се уште е член на Валенсија.
Ситуацијата со Мамарадшвили ја следи и македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски бидејќи ако Грузиецот остане тој би бил втора опција. Во Валенсија Димитриевсски пристигна како наследник на Мамарадшвили, меѓутоа сега постои реална можност да остане во клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според последните информации кои ги објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, Мамардашвили е блиску до трансфер во Ливерпул за сума од 30 милиони евра, меѓутоа англискиот клуб би го оставил на позајмица во Валенсија.
Се шекулираше за Брајтон, но Грузиецот попрво би останал на „Месталја“. Не е исклучена можноста ако Мамардашвили и дефинитивно остане во Валенсија, Димитриевски да ја промени средината барем на позајмица во клуб каде што би бил прв голман.