Tренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот изјави дека не очекува нови засилувања до крајот на преодниот рок.
Ливерпул го ангажираше голманот Гиорги Мамардашвили кој оваа сезона ќе ја помина на позајмица во Валенсија, додека вчера потпиша Федерико Киеза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Слот не ја исклучува можност Ливерпул да реагира ако има прилика во завршницата.
„Не очеквам ништо…ако видиме прилика, може да ја искористиме“, одговори Слот.
Тој откри дека Киеза тренира со екипата, но дека веројатно нема да игра против Манчестер Јунајтед во недела.
„Не би било првпат медиумите во Англија да претеруваат со тие работи. Имаше повреда на предните вкрстени лигаменти, но освоен тоа немаше поголеми отсуства. Веруваме во нашиот тим кој внимателно го анализираме“, истакна холандскиот стратег.