Според информациите на српските медиуми, Александар Митровиќ го завршил трансферот во Ал Хилал.
Неколку неделе трае сагата околу српскиот напаѓач, а ко нкрајот на јули изгледаше дека трансферот е завршен, подоцна ситуација се искомплицира, но на крајот изгледа дека сепак Митровиќ ќе му се придружи на својот сонародник Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Фулам ја прифатил последната понуда за Митровиќ во износ од 40 милиони евра, додека самиот фудбалер личните услови ги имаше договорено уште претходно.
Претходно во Ал Хилал пристигна Савиќ кој го напушти Лацио, а во секој момент се очекува Ал Хилал да го официјализира и трансферот на Нејмар.
Митровиќ покрај Фулам го носеше дресот уште на Партизан и Андерлехт. ЗА Фулам одигра 173 натпревари и постигна 97 гола.