Дома Фудбал Останато Крај на кариерата: Нури од Ајакс ќе живее со трајно оштетување на мозокот

Крај на кариерата: Нури од Ајакс ќе живее со трајно оштетување на мозокот

Иако првите вести за здравствената состојба на Абделхак Нури од „Ајакс“, кој во неделата на пријателскиот натпревар со „Вердер“ од Бремен се сруши на теренот без свест, беа охрабрувачки, вчера од амстердамскиот клуб стигнаа вести дека фудбалерот претрпел тешки оштетувања на мозокот и дека неговата кариера е завршена.

Младиот фудбалер е надвор од животна опасност, но сè уште не е познато какви последици ќе има по неговото здравје.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Сите сме во шок, никој не може да верува. Абделхак имаше голем талент“, изјави директорот на „Ајакс“ и поранешен голман со светска кариера Едвин ван дер Сар.

Младиот играч од средината на теренот се онесвестил заради силна аритмија на срцето. Со возило на брзата помош бил пренесен во блиската болница, а потоа е префрлен со хелихоптер на клиниката во Инсбрук, Австрија.

Нури дебитираше за А-тимот на „Ајакс“ во септември минатата година и имаше 15 настапи со клубот од Амстердам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендарен судија во Шпанија: Повеќето судии се наклонети кон Реал

Во земја каде што фудбалот има речиси религиозно значење, ривалството помеѓу Реал Мадрид и…