Дома Фудбал Англија Крауч: Кејн и Сон треба да го напуштат Тотенхем

Крауч: Кејн и Сон треба да го напуштат Тотенхем

Тотнехем синоќа доживеа шокантна елиминација од Лига Европа откако изгуби од Динамо Загреб со 3:0 на „Максимир“.

Англиските медиуми се полни со критики, а Крауч тврди дека ова беше ноќ во која играчи како Кејн или Сон сфатија дека е време  да ја променат средината.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Нивната сезона сега завршува. Кога гледам како Хари Кејн излегува од теренот со спуштена глава затоа што беше исфрлен од Динамо, мислам – добро, тој е играч за Лигата на шампионите, не би сакал да го игра ова натпреварување. Тој припаѓа во друштвото на Мбапе, Роналдо, Халанд, Меси … “, изјави Крауч.

„И тој и Сон заслужуваат да бидат дел од Лигата на шампионите, а не од Лигата на Европа и мислам дека по поразот од Динамо, двајцата се подготвени да го сменат тимот следното лето. Тие не го заслужуваат ова”, додаде Крауч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…