Англискиот фудбалер, Џон Тери одлучи ова лето по прв пат во својата кариера да го промени клубот.
Тери целата досегашна кариера ја помина во Челзи, а откако му истече договорот со „Сините“ мораше да го напушти клубот. Иако се шпекулираше дека овој искусен одбранбен играч ќе ја заврши својата кариера, на крајот Тери одлучи да потпише за Астон Вила.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Англискиот играч се пресели од Лондон во Бирмингем, но повеќето од работите ги остави во својата куќа во Лондон. Тоа му се одби од главата, бидејќи токму неговата куќа беше мета на крадци.
Медиумите на Островот објавија дека крадци влегле во куќата на Џон Тери, и дека му украле околку половина милион фунти. Ова се случи откако Тери објави на Инстаграм дека си оди во Бирмингем, и дека ќе го земе и своето семејство. Полицијата уапси пет лица кои се осомничени за овој чин.